По Трамп, Тачи го одликуваше и Гренел

од Vladimir Zorba

Претседателот на Косово, Хашим Тачи вечерва го награди Специјалниот пратеник на американскиот претседател Доналд Трамп за дијалогот меѓу Белград и Приштина, Ричард Гренел со претседателски медал за заслуги.

Тачи го објави на својот Фејсбук, наведувајќи дека тоа го сторил, бидејќи го цени придонесот на Гренел во дијалогот меѓу Белград и Приштина, пренесува Газета Експрес.

„Она што другите не го сторија, Гренел го направи брзо и добро. Договорот од Белата куќа ќе донесе мир и стабилност на Косово и регионот“, рече Тачи.

Слични содржини