Стратегот на Охрид, Горан Андоновски, како што по обичај милува да критикува, повторно се огласи по новиот пораз на Македонија на СП, сега од Шпанија.

Тој е вториот стратег кој за краток период го критикуваше нашиот селектор Раул Гонзалез. За потсетување по поразот од Хрватска исто така критика имаше и од нашиот поранешен селектор Веселин Вујовиќ.
Андоновски на својот профил на „Фејсбук“ напиша:
„Со 7 на 6 за 2 минути загуби меч. Утре пак нека игра 7 на 6 заради нечие его да ни докаже дека е во право. Кој стигне игра мајтап со Македонија. Да беше селектор Македонец ќе го меневте на полувреме. Не зборувам само за Руал СРАМЕН натпревар со Турција, катастрофа со Грција и овде мајтап 60 минути 7 на 6. Раул е тренериште ама мислам дека Македонија му е заморче за екперименти“. /СпортКлуб
https://www.facebook.com/goran.andonovski1/posts/2533063213375646