Лидерот на “коалицијата на оружјето” Рамуш Харадинај ги поздрави своите за “убедливата победа” и најави дека ќе се обиде да формира влада.

Парламентарните избори оддржани вчера би можеле да најават несигурен период за Косово, каде што старата гарда на “борците” е на чело, но без да може да си обезбеди цврсто мнозинство. Останатите партии повикуваат на “промена”.
По пребројувањето на над 90% од гласовите во Косово води “коалицијата на оружјето” – блокот на поранешните воени команданти. Алијансата со учество на неколку политички формации собра 34,64% од гласовите во Косово.
На второ место е десничарското движење “Самоопределување” (26,66%), на третата позиција е “коалицијата на розите” (25,81%,), која единствено се залага за продолжување на преговорите со Белград.
“Српскиот листа” добива 5,57%.
На изборите во неделата учествувале 42,08% од граѓаните со право на глас или од 1,8 милиони гласале околу 0,74 милиони. Силно учество беше регистриран во општините со мнозинско српско население. Двете главни коалиции се формираа за време на предизборната кампања. Тие беа условно наречени “коалиција на оружјето” и “коалиција на розите”. Првата е составена команданти од таканаречената “Ослободителна војска на Косово” (ОВК), активна и конзистентна во вооружената битка со Белград. Оваа коалиција е претставена од страна на кандидатот за премиер и поранешен командант на ОВК Рамуш Харадинај, прогласен за воен злосторник од Белград. Коалицијата “на оружјето” ги вклучува Демократската партија на Косово, “Алијанса за иднината на Косово”, “Иницијатива за Косово” и девет помали партии.
“Апелирам до партиите да не слават премногу рано”, предупреди во почетокот на вечерта Исмет Криезиу од “Демократијата во акција”. Тоа се случи во моментот кога во Приштина луѓето на Харадинај ги подготвуваа сцените за прославите. Но, лидерот на “коалицијата на оружјето” Рамуш Харадинај излезе и ја поздрави “убедливата победа” и најави дека ќе се обиде да формира влада.
Распределбата на местата треба да биде најавено не порано од понеделник до средината на неделава. Но воопшто не е сигурно дека Рамуш Харадинај ќе добие 51 места (од 120), кои со поддршка на десет избрани од несрпското малцинства (Роми, Бошњаци, Турци, …), ќе му даде можност да состави влада.
Србите кои во Косово се помеѓу 100 и 150 илјади, земаат исто десет пратеници.
Овие резултати стануваат предвесник на деликатни преговори кои би можеле да родат кревко мнозинство, додека Косово се соочува со големи предизвици: катастрофална економска ситуација, која принудува голем дел од младите луѓе на масовен егзодус , односи со Србија на најниско ниво, а Белград се уште одбива да ја признае независноста на својата поранешна покраина, населена претежно со Албанци, која таа ја објави во 2008 година Останува и проблемот со можни обвиненија кон неколку високи државни службеници од новите специјални судови, кои се натоварени да судат за воени злосторства извршени од Ослободителната војска на Косово (ОВК). Меѓу имињата редовно, е и тоа на претседателот Тачи, кој е во таква ситуацијата од 2006 година. Кога ќе се извршат првите апсења предвидени пред изборите на Европскиот центар за проблемите на малцинствата (ECMI), ќе има “реален ризик од нестабилност” и паѓање на владата.
Најголемиот етнички конфликт во поранешна Југославија – судирот меѓу сепаратистите и силите на Белград – доведе до смртта на 13 илјади луѓе меѓу 1998 и 1999 година, од кои 10 илјади косовски етнички Албанци. ПДК и нивните сојузници можат да бидат лишени од можноста да управуваат, ако се добие согласност за влада меѓу “коалицијата на розите”, каде има поддржувачи на демократскиот развој на непризнатата од сите држава. Тоа вклучува “Демократски сојуз на Косово”, “Алијанса за ново Косово”, Движење “Алтернатива”.
Но само “Самоопределување” и “коалицијата на розите” изгледа се за само отфрлањето на “коалицијата на оружјето”. Позициите кон дијалогот со Србија се премногу различни. Кандидатот на “коалицијата на розите” Авдулах Хоти, би сакал да продолжи договорот, додека харизматичниот лидер на “Самоопределување” Албин Курти се противи на склучен со Белград договор во 2013 година. По оваа точка Курти изгледа поблиску до поранешниот лидер на бунтовниците Рамуш Харадинај, наречен “Рамбо”.
Него Србија го дефинира како воен злосторник, и за него таа е “непријател”. Партија која се потпира на уличните акции, и чии пратеници употребија солзавец во парламентот, за да се спротивстави на усвојувањето на закон, кој не им се допадна, “Самоопределување”, го удвојува резултат од 2014. Нејзината политиката е комбинирана од лева економија, борба против корупцијата и националистичка реторика, изгледа им се допаѓа на голем дел од избирачите во земјата со 1,8 милиони жители во која невработеноста официјално е околу 30%.
Екрем Хазири, пензионер на 66, се надева дека овие избори “отвораат ново поглавје”: “Време е да се престане со кражбата на парите на даночните обврзници”. Темата е традиционална за “Самоопределување”, но и Авдула Хоти вети “војна без компромиси со корупцијата”, која е уверувањето за балканска земја.
“По 17 години на власт” институциите “се карактеризираат со криминалот, корупцијата и непотизмот”, обвинува извештај словенечкиот тинк-тенк IFIMES, специјализиран за анализирање на Балканот. Ако овој проблем не биде решен, Косоварите “ќе чекаат залудно за укинување на визниот режим со земјите од Европската унија”, прогнозира IFIMES. Клучно прашање за земја во која секој втор е на возраст под 30 години. Многумина сонуваат да постапат како 400-те илјади Косовци, кои веќе се емигранти. До сегашните избори во Косово се стигна по изгласан гласање недоверба на коалициската влада на Демократската партија на Косово (ПДК) и “Демократската унија” на чело со Иса Мустафа. Тие беа обвинети дека не можело да одлучат за суштински проблеми на земјата, поради што тие се наоѓаат во политичка криза. Гласањето беше побаран од опозициското движење “Иницијатива за Косово”, поддржана од “Сојузот за иднината на Косово”, движењето “Самоопределување” и некои претставници на владејачката коалиција.
Согласно договорите од Брисел косовската страна презеде ветувањата да создаде заедница на српските општини во Косово (ЈСО), да продолжи дијалогот со Белград, да изврши обележувањето на границата со Црна Гора, по штода стане можна визната либерализација меѓу ЕУ и Косово. Но по гласањето и преземените обврски тие имаат мали шанси за настап. Главниот кандидат за премиерската функција Рамуш Харадинај ги отфрли сите аранжмани со Брисел, вклучувајќи долж границата со Црна Гора. Харадинај предупреди дека “граница минува по Чакоре” , а тоа значи побарување на 8000 хектари црногорска територија. Во кампањата тој постојано повторуваше дека ја смета Србија за непријател и нема да го поддржува дијалогот со Белград. Поранешниот командант на ОВК исто така, вети да создаде армијата во Косово во првите 90 дена од владеењето. / БГНЕС, АФП, ТАСС