Победата на „херојот Хабиб“ предизвика сообраќаен хаос во Дагестан

од desk2
157 прегледи

Победата на ММА борачот Хабиб Нурмагомедов со која ја одбрани титулата шампион на УФЦ во лесна категорија, предизвика сообраќаен колапс и сеопшто славје во неговиот роден Дагестан каде го сметаат за национален херој.

По две минути борба Хабиб го собори Дастин Поарје и беше блиску до крајот, но Американецот некако успеа да ја преживее првата рунда.

Тој во втората рунда тргна агресивно, со неколку моќни удари што го потресоа Нурмагомедов, но Дагестанецот успеа да се одбрани и да ја преземе повторно контролата во октагонот.

Во третата рунда Поарје беше блиску до победа, но Хабиб се извлече во последен момент. После тоа на Американецот му попушти концентрацијата, Нурмагомедов за кратко време го совлада и на крај со класично гушење ја одбрани титулата.

 

Хабиб на овој начин ја оствари 12-тата победа во УФЦ и 28-ма во ММА борби во кариерата на исто толку мечеви. Тоа беше повеќе од доволна причина за гордост и радост во неговиот роден Дагестан каде луѓето масовно излегоа на улиците да ја слават победата.

Видеоснимките од прославите објавени на социјалните мрежи сведочат колкаво почитување и љубов ужива Хабиб меѓу своите сонародници.

https://www.youtube.com/watch?v=L7EQJe4JOPc