ПОБЕДИ ЖЕЛБАТА ЗА ШИРЕЊЕ НА НАТО: „Се надевавме дека крајот на Студената војна е заедничка победа за цела Европа“

од Stefanija Kuzmanovska

Претседателот на Русија, Владимир Путин, во авторска статија објавена во германскиот весник „Цајт“ изјави дека Москва се надева дека крајот на Студената војна претставува победа за цела Европа, сепак, се случило тоа дапобеди желбата за проширување на НАТО.

Како што рече, се чинеше дека идејата на поранешниот француски лидер Шарл де Гол за „заеднички континент“ може да стане реалност, но тоа не се случи.

Путин рече дека денес целиот европски безбедносен систем е деградиран, тензиите растат и постои нов ризик од трка во вооружување.

– Губиме големи можности од потенцијална соработка, што е од најголемо значење за сите нас, имајќи ги предвид тековните предизвици со кои се соочуваме, пред се заради пандемијата – потенцира тој.

Слични содржини