Побиен уште еден мит: `Рчењето не е причина за лошо спиење

од desk2
145 прегледи

Многу луѓе денеска имаат проблеми со рчење. Познато е дека `рчењето е напорно и иритантно, не само за личноста која го има овој проблем, туку и за луѓето околу неа.

Иако постои теорија дека `рчењето е поврзано со лошиот сон, новото истражување покажа дека тоа не е вистина.

Научниците го проучувале рчењето и дури мереле со микрофон колку гласно некој рчи. Тогаш дошле до заклучок дека `рчењето не е поврзано со начинот на спиење.

Учесниците на себе носеле микрофон, а наредниот ден забележувале колку добро се наспале.

Резултатите покажаа дека оние кои рчат повеќе, не се поуморни од другите учесници. Освен тоа, `рчењето не влијае на времето на спиење, ниту на будењето во текот на ноќта.

Во истражувањето учествувале 235 луѓе кои го мереле грчењето, а 74 учесници биле поделени во групи: оние кои `рчат малку, средно и многу.

Интересно е дека не е најдена поврзаност помеѓу интензитетот на `рчење и времето кое го поминале спиејќи.