Почина 20-годишно момче откако проголтало голема количина кокаин

од Radmila Tasevska

Од преголема количина кокаин починало 20-годишното момче кај кое полицијата најде марихуана по извршен претрес во неговиот дом.

Момчето го проголтало кокаинот за да го скрие од полицијата, а сега обдукцијата треба да покаже колкава количина кокаин завршила во неговиот организам.

Од болницата за велат дека попладнето го примиле В.А. дека се обиделе да го реанимираат, но безуспешно.

„На 16.03.2023 во 15.35 часот во Полициска станица Радовиш е пријавено дека во Клиничката болница Штип починал В.А.(20) од Радовиш, на кого му се слошило, откако претходно бил лишен од слобода од страна на полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Радовиш по извршен претрес во неговиот дом во Радовиш, со судска наредба, при кој била пронајдена марихуана“ – информираа од МВР.

Слични содржини