Почина Даниус, првата шефица на шведската академија која доделува Нобел за литература

од desk2
240 прегледи

На 57 годишна возраст почина Сара Даниус, првата жена што го водеше престижното шведско тело кое ја доделува Нобеловата награда за литература.

Нејзиното семејство за шведската новинска агенција „ТТ“ рече дека Даниус починала утрово, после долга болест. Шведските медиуми појаснуваат дека боледувала од карцином на дојка.

Даниус, беше литературен критичар, професорка и писател, ја извршуваше функцијата прва жена постојан секретар на Шведската академија од 2015 до 2018 година.

Таа ја напушти Шведската академија, која беше основна во 1786, во февруари годинава поради скандалот со сексуални злоставувања и финансиски криминал кој изби во 2017 година. Во случајот таа не беше обвинета за ниту едно кривично дело.