Почина девојката на Бонд: „Се онесвести по прошетката со кучињата“

од Stefanija Kuzmanovska

Актерката и модел Тања Робертс, девојка на Бонд во филмот A View to Kill и мајка на Дона во серијата „Луди седумдесетти“, ненадејно почина на 66-годишна возраст.

„Тања се онесвести по прошетката со кучињата во нејзиниот дом во Калифорнија на Бадник“, изјави нејзиниот претставник Мајк Пинел за „Холивуд репортер“.

Тања била хоспитализирана, но ја загубила битката за својот живот.

„Скршен сум. Беше брилијантна и убава. Таа беше најслатката личност која може да ја запознаете и имаше огромно срце“, рече тој.

Причината за смртта сè уште не е позната.

Покрај тоа што играше во филмот за Џејмс Бонд, кој тогаш го играше Роџер Мур, Тања ѝ е позната на јавноста и по улогата на мајка на Дона во серијата „Луди седумдесетти“.

Таа позирала за Плејбој и се појавила во бројни реклами.

Слични содржини