Хенри Кисинџер, контроверзниот добитник на Нобеловата награда и моќен дипломат чија служба под двајца претседатели остави неизбришлива трага во американската надворешна политика, почина во средата, соопшти неговата геополитичка консултантска фирма Kissinger Associates Inc.
Кисинџер имаше 100 години и починал во својот дом во Конектикат, соопшти компанијата, без да даде дополнителни детали.
Тој ќе биде погребан во кругот на семејството, а подоцна во Њујорк ќе се одржи јавна комеморативна служба.
Кисинџер беше активен и откако го прослави стотиот роденден. Тој присуствуваше на состаноците во Белата куќа, објави книга за стилови на лидерство и сведочеше пред комисијата на Сенатот за нуклеарната закана од Северна Кореја. Во јули 2023 година, тој оствари ненадејна посета на Пекинг за да се сретне со кинескиот претседател Си Џинпинг.