Почина и ќерката на убиецот од Бутел

од desk2

Утрово во скопскиот Клинички центар починала и ќерката на 84-годишниот скопјанец кој во саботата пукаше во неа, во сопругата и во внукот, а потоа се самоуби.

Триесет и двегодишниот внук, од сериозноста на повредата, почина на самото место, а неговата сопруга вчера им подлегна на повредите.

Полицијата се уште ги истражува причините за убиството. По наредба на јавен обвинител телата на починатите се пренесени во Институтот за судска медицина, за обдукција.

Слични содржини