Почина израелската гранична полицајка која утрово се здоби со тешки повреди во Ерусалим, соопшти израелската полиција.
Таа беше нападната од 16-годишен Палестинец пред полициска станица во Источен Ерусалим, кој Израел го анектираше откако го освои во Шестдневната војна во 1967 година.
Во соопштението за медиумите полицијата наведува дека „терористот е неутрализиран“, пренесе агенцијата Франс прес.
20-годишната жртва на нападот, која има и американско државјанство, се преселила во Израел пред две години и живеела во кибуц во близина на границата на Појасот Газа во област нападната од членовите на исламската екстремистичка група Хамас на 7 октомври. .
Оттогаш, 59 израелски полицајци се убиени, објавија израелските медиуми.
Израелските служби за итни случаи соопштија дека уште еден припадник на полициските сили, исто така 20-годишен маж, бил полесно ранет во нападот со нож во близина на Стариот град во Ерусалим.
Како што соопшти полицијата, напаѓачот е Палестинец од Ал-Исафија, населба во источен Ерусалим. Еден осомничен за вмешаност во нападот е уапсен.