Мати Никненен, еден од најголемите ски-скокачи во историјата на спортот, синоќа почина на 56-годишна возраст. Легендарниот Финец е четирикратен олимписки, петкратен светски шампион и има освоено уште четири трофеи во Светскиот куп во неговата богата кариера, која траеше од 1981 до 1991 година.

По победата во Оберсдорф во 1981 година, тој најави што следи, а тоа беше првата титула на светски шампион во Осло во 1982 година и тоа на само 18 ипол години, а наредната година го освои Светскиот куп и турнејата „Четири скокалници“.
На Олимписките игри во Сараево освои злато на големата и сребро на малата скокалница, а до својот 22 роденден постави пет светски рекорди (најдолгиот скок: 191 метар) и го освои Светскиот шампионат во ски-скокови на Планица, Словенија. На тој начин ги комплетираше титулите во сите пет натпреварувања, а тоа на ниту еден конкурент му немаше успеано во историјата.
Најуспешна за него беше 1988 година, кога ги освои „Четирите скокалници“, Светскиот куп и сите три златни медали на Олимписките игри во Калгари, Канада, со што стана најуспешен маж на игрите.
Потоа неговата кариера тргна во надолна линија, а по 143 натпреварувања, 46 победи 76 подиуми реши да се повлече од спортот.
The #skijumpingfamily mourns the loss of Finnish legend Matti Nykaenen, who passed away at age 55.
Rest in peace, Matti.https://t.co/RKhMs5eHH5#skijumping #FISskijumping #RIP pic.twitter.com/DjvZw03Rra— Viessman FIS Ski Jumping World Cup (@FISskijumping) February 4, 2019
Во текот на 90-те години беше музичка ѕвезда во Финска, но по успешниот почеток влезе во големи проблеми и едно време заработуваше за живот во ноќни клубови.
Во текот на првата деценија од овој век беше во големи проблеми со законот, поради алкохол, тепачки во клубови и чести проблеми со тогашната партнерка. А, од проблемите се извлече на почетокот на оваа деценија, по престојот во затвор.
Причина за неговата смрт уште не е позната. Финецот зад себеси остави три деца од три брака.