Пoчина Ники Лауда

од desk4
200 прегледи

Во 71 година од животот почина легендата на Формула 1, Ники Лауда.

-Со длабока тага соопштуваме дека нашиот сакан Ники почина во понеделник во кругот на фамилијата. Неговото остварување како сопртист и бизнисмен ќе остане незаборавно. Тој е идол за сите нас, беше добар сопруг, татко и дедо и ќе ни недостасува“ – соопштило семејството на Лауда.

Ники Лауда  е роден на 22 февруари, 1949 година  и нема детали за причина за смртта.

Тој во Формула 1 беше активен од 1971 до 1979, па од 1982 до 1985, а неговите успеси засекогаш ќе бидат запишани во историјата со златни букви.

Лауда има три титули, во 1975, 1977 и 1984 година.

Возеше за неколку тима, а ќе се памети како единствен возач кој успеал да освои шампионски титули со Ферари и Мекларен, лутите ривали во Ф1.