Актерот Питер Мејху, кој ја одигра улогата на Чубака во пет од филмовите “Војна на ѕвездите”, почина на 74-годишна возраст, соопшти неговото семејство.

Мејху, кој се појави во ликот на највисокиот како карпа, предан и рунтав другар и втор пилот на вселенскиот разбојник Хан Соло, почина вчера во својот дом во северниот дел на Тексас, изјавија неговите роднини во неговата страница на Twitter. Тие не ја открија причината за смртта на Питер.

Роден во Лондон во мај 1944 година, Мејху беше висок 2,21 метар.

Тој беше избран од страна на Џорџ Лукас во 1977 година да го одигра култниот херој во сагата и неговото последно учество беше во “Војна на ѕвездите: Епизода VII – Моќта се буди” (2015 година), по што беше заменет поради здравствени проблеми.