Почина работник откако врз него паднала бандера

од Nikola Popovski

МВР информира дека вчера се случила трагедија во скопски Бутел, откако бандера при паѓање усмртила еден работник.

Од полицијата велат дека станува збор за  Џ.Е.(40) од с.Елово, скопско.

-Врз него паднала бандера додека извршувал работни задачи, по што починал. Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, а увид на местото извршила екипа на СВР Скопје, додаваат од МВР.

Слични содржини