Почина сестрата на Доналд Трамп

од Stefanija Kuzmanovska
182 прегледи

Постарата сестра на Доналд Трамп, пензионираната судијка Меријан Трамп Бери, која го критикуваше својот брат во тајно снимена изјава додека беше претседател на САД, почина во понеделникот на 86-годишна возраст, објави „Њујорк Тајмс“.

Меријан Трамп е една од четирите браќа и сестри на Доналд Трамп, заедно со Фред Трамп Џуниор и Роберт Трамп, кои двајцата починаа, и Елизабет Трамп, која е родена во 1942 година и е се уште жива, пишува „Хина“.

Според „Њујорк Тајмс“, повикувајќи се на два неименувани извора блиски до неа, таа починала во понеделникот во нејзиниот дом на Апер Ист Сајд на Менхетен.

Причината за смртта не е позната.

Слични содржини