Почина странски државјанин по вчерашното пукање во Штип

од Nikola Popovski
90 прегледи

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Штип ноќеска вршеше увид на локација во кафе бар каде едно лице беше лишено од живот со истрели од огнено оружје. Напаѓачот и жртвата се идентификувани и станува збор за странски државјани.

-Од лице место подигнати се чаури и други траги кои ќе бидат предмет на вештачење, а телото на починатиот е дадено за обдукција. Обезбедени се и прегледани снимки од видео надзор. Се преземаат и други дејствија за обезбедување докази, а увидните дејствија на локацијата ќе продолжат и денеска.

Јавниот обвинител во текот на ноќта издаваше повеќе насоки и наредби за пронаоѓање на сторителот кој е во бегство, информираат од ОЈО.

Според очевидци, убиецот и жртвата седеле на различни маси кога напаѓачот извадил огнено оружје и го застрелал другото лице пред голем број сведоци. Станува збор за двајца студенти од турска националност.

Напаѓачот кој ја застрелал жртвата околу 21:00 часот избегал додека полицијата го бркала по автопатот кон Скопјe, а за време на драматичната потера, полицајците пукале во неговиот автомобил. Неговиот автомобил бил виден на патарината кај Миладиновци. Полицијата му сигнализирала да застане, но наместо тоа, тој ја пробил наплатната рампа.

Според информации, лицето кое пукало и кое потоа избегало пешки, оставајќи го возилото, управувало со „БМВ“. Потрагата е во тек.

Слични содржини