Питер Фонда почина на 79-годишна возраст на својот имот во Лос Анџелес со рак на белите дробови и респираторна слабост.
Тој е син на актерот Хенри Фонда, брат на актерката Џејн Фонда и татко на актерката Бриџит Фонда.
Во 1968 година, тој стана продуцент и коактер со Денис Хопер и Џек Николсон во филмот, кој стана иконски и се здоби со меѓународна слава со својата премиера во 1969 година – „Easy Rider“, пренесе АФП.
Easy Rider го прикажа подемот на хипи културата, осудувајќи го статусот квото и поздравувајќи ја слободата. Питер Фонда ги отелотвори овие вредности и ги промовирашена подоцнежните генерации “, напиша актерката Илиана Даглас на Твитер.

„Независното кино започнува со Easy Rider“, додаде таа.
„Додека жалиме за загубата на овој сладок и љубезен човек, ние исто така сакаме да го испочитуваме неговиот нераскинлив дух и неговата љубов кон животот“, велат од семејството.