После 238 денови штрајк со глад во Истнабул, починала турската адвокатка која барала „праведен процес“ откако била осудена за тероризам.
„Ебру Тимтик од нашата правна фирма почина“, напишале колегите на Твитер. Таа имала 42 години.
Минатата година, таа била осудена на повеќе од 13 години затвор за „членство на терористичка организација“. Во февруари, барајќи нов процес, таа започнала штрајк со глад.
Ебру Тимтик пиела само засладена вода, билни чаеви и витамини, а во моментот на нејзината смрт тежела само околу 30 килограми “, велат од нејзиното семејство.
Полицијата растерала стотина пријатели и поддржувачи на Тимтик кои сакале да дојдат до нејзиното тело во болницата. Европската Унија соопшти дека смртта на Тимтик ги нагласува недостатоците на турскиот правосуден систем.