296
Лиза Мари Присли, единствената ќерка на познатиот рокенрол пејач Елвис Присли, почина на 55-годишна возраст.
„Со тешко срце морам да ја споделам со вас страшната вест: мојата прекрасна ќерка Лиза Мари не напушти“, соопшти нејзината мајка Присила Присли.
Присила Присли не ја прецизираше причината за смртта на нејзината ќерка и побара од медиумите приватност, јавува Би-Би-Си повикувајќи се на ТМЗ.