Министерството за здравство соопшти дека во изминатово деноноќие починаа 12 лица како последица на коронавируст.
Од нив, пет пациенти од Скопје (53, 71, 72, 74 и 69г.), еден од Прилеп (72г.), еден од Тетово (53г.), еден од Кавадарци (52г.), два пациенти од Гостивар (70 и 65г.), еден пациент од Струмица (72г.) и еден пациент од Делчево (78г.).
Пациентите се починати во болнички услови.
Од почетокот на кризата, во државава починаа вкупно 2.522 лица од Ковид-19.