Починаа 13 лица во изминативе 24 часа, уште 5 во периодот од 20 септември до 2 октомври

од Vladimir Zorba

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 13 починати лица: 6 починати лица од Скопје (91г, 88г, 79г, 78г,69г и 68г), 3 починати лица од Велес (86г, 72г и 57г) и по едно починато лице од Прилеп (57г), Тетово (64г), Крива Паланка (78г) и Куманово (74г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се уште 5 починати лица, со датум на смрт од 20.09.2021 до 02.10.2021 година.

Регистрирани се двајца починати лица од Скопје, и по едно починато лице од Тетово, Гостивар и Демир Хисар, на возраст од 49 до 86 години. Од пријавените лица 2 се починати во болнички услови, а 3 во домашни услови.

Слични содржини