Министерството за здравство соопшти дека нови 11 лица ја загубиле битката со Ковид-19 во изминативе 24 часа.
Од нив, пет пациенти се од Скопје (82, 63, 75, 74 и 53г.), еден пациент од Битола (66г), од Струмица (70г.), Кавадрци (55г), еден пациент од Струга (77г), еден од Кочани (71г) и еден од Пехчево (71г.). Пациентите се починати во болнички услови.
Од почетокот накризата во земјава, 2.776 лица починаа од коронавирусот.