Починаа уште 22 лица, вкупно 4.650 од почетокот на корона-кризата

од Vladimir Zorba
193 прегледи

Министерството за здравство соопшти денеска дека уште 22 лица ја загубиле борбата со коронавирусот.

Од нив, 8 се од Скопје (60г, 68г , 71, 72г, 74г, 74г, 82г и 85г), по 2 починати лица од Битола (79г и 85г), Прилеп (69г и 79г) и Кочани (72г и 73г), по едно лице од Охрид (61г), Кавадарци (80г), Гостивар (51г), Штип(75г), Свети Николе (80г), Делчево (65г), Ресен (71г) и Пробиштип (74г).

Од почетокот на корона-кризата, досега починаа 4.650 лица во државава.

Досега во земјата се направени вкупно 707.095 тестирања на Ковид 19.

Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 150.274, бројката на оздравени пациенти е 128.496, на починати е 4.650, а бројот на активни случаи изнесува 17.128.