598
Предлогот на градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари избор на доктори да бидат прогласени за почесни граѓани во борбата против Ковид-19 ја доби поддршка од Советот на општината на 29 седница.
Трајче Нешковски, младиот специјалист интернист од Клиниката за пулмоалергологија, кој почина пред еден месец е постхумно прогласен за почесен граѓанин на Гостивар поради придонес во борбата со ковид-19.
Поркај него за почесни граѓани на Гостивар се прогласени уште пет доктори кои се грижат за пациенти заболени од коронавирусот – инфектолозите Фадил Цана, Илир Демири, Ратко Наумовски, Енес Мемети и Месут Хасипи.
Признанието „почесен граѓанин” свечено ќе им биде врачено на 23 декември на Денот на општина Гостивар.