Спасовски: Нема да отстапиме од нашата намера да ја гарантираме безбедноста на секој граѓанин

од Stefanija Kuzmanovska

Упатувам порака до сите граѓани дека нема да отстапиме од нашата намера да ги гарантираме мирот и безбедноста на секој еден граѓанин на територијата на Република Северна Македонија, рече министерот Оливер Спасовски во интервјуто за Top-news.mk, одговарајќи на прашањето за оперативната акција „Безбеден град“.

-„Безбеден град“ е една опсежна оперативна активност која е насочена кон криминалните структури, а со цел да спречиме закани, уцени, продажба на наркотици и оружје и сл. Таа дојде како продолжение на минатогодишниот оперативен план „Безбедно лето“ којшто даде видливи резултати, што беше мотив повеќе да ја продолжиме борбата со овие предизвици и со акцијата „Безбеден град“, со која досега се лишени од слобода околу 150 лица. Со оваа активност ќе продолжиме и во наредниот период, за да застанеме на патот на сите оние коишто мислат дека криминалот ќе им се исплати, рече министерот Спасовски.

Слични содржини