Почна да се ситни Европскиот фронт: „Тачи повеќе личи на опасен посредник кој ја игра улогата на „Тројански коњ“

од Nikola Popovski
333 прегледи

Лидерот на ДПА и пратеник, Мендух Тачи повеќе не е дел од Европскиот фронт. Иако го напушти опозицискиот блок, неговите доскорешни партнери немаат потврда дека тој ќе делува надвор од пратеничката група. Со неговото евентуално заминување, коалицијата ќе падне на 17 пратеници во Собранието. Сепак, тој не ги откри причините за напуштањето.

Од друга страна, Тачи смета дека ДУИ ги поразила ВЛЕН во секоја смисла и нема сомнеж дека таа е политичка сила во земјава. Лидерот на ДПА смета дека актуелната Влада добила силен удар кога Европската унија ја одвоила Македонија од Албанија на патот за членство.

Коментирајќи го излезот на ДПА и Мендух Тачи од Европскиот фронт, од коалицијата ВЛЕН оценуваат дека тоа е почеток на неговиот распад. -Не се навикнати да бидат опозиција, Европскиот фронт не е основан врз основа на идеолошки вредности, туку само да останат на власт, па можно е да го напуштат и други пратеници со кои контактирал, вели првиот вицепремиер Изет Меџити. Тој не се сретнал со Тачи, но вели дека немаат заеднички точки во политиката. Според него, тој секогаш бил на страната на власта, па можеби затоа и го напуштил Европскиот фронт, но засега нема индиции дека ќе се придружи на владејачкото мнозинство.

Дали и зошто се ситни Европскиот фронт?

Според поранешниот пратеник и политички аналитичар Зуди Џелили, најавите дека Европскиот Фронт ќе се обиде да ја дестабилизира државата можеби била идеја  на челниците на фронтот, но изгледа дека таа идеја не наиде на поддршка кај електоратот кој е шаренолик.

Зуди Џелили

-Ситуацијата со Тачи мене повеќе ми личи на опасен посредник на ЕФ кој ја игра улогата на „Тројански коњ“. Можеби добил задача да внесе раскол во ВЛЕН или па да му служи на Мицкоски за информации од фронтот. Било како и да е, тој е опасан политичар и хипокрит. Го фалеше Али Ахмети и ДУИ, а од друга страна другите партии што се дел од фронтот ги нарече дека немаат гласови за пратеници, вели Џелили во разговор за „Локално“.

Тврди дека ВЛЕН се изјаснија немаат потреба од него.

-Нему добар ден да му речеш се ти оди наопаку, а камоли да го примиш во влада. Мислам дека ЕФ беше коалиција за спас на потрошени политичари и за да се заштитат од долгорочното лошо владеење измешано со криминал и корупција. Инаку што ќе ги обединеше ДУИ со Тачи и со другите партии, да беа сигурни дека сами ќе победат, прашува соговорникот.

Џелили потенцира дека ДУИ ќе мора да се реформира ако сакаат да опстанат како силна партија.

-Во ЕФ ќе има и други турбуленции бидејки најавени е обелодување на многу афери за злоупотреба на политичката моќ. Владеачкото мнозинство има потреба за двотретинско мнозинство и мнозинство од пратеници од помалите заедници за „Бадентер“ и мислам во тој правец ќе имаат успех, заклучува поранешниот пратеник во Собранието.

Од друга страна, дел од јавноста смета дека лидерот на ДУИ има искуство и знае како да постапи во вакви ситуациии.

– Мендух Тачи е искусен политички играч, со долга кариера, и сигурен сум дека ќе направи се да ги задоволи сопствените и апетитите на неговите поддржувачи кои за разлика од порано се се по малубројни. Вештината на малите, сателит партии е да секогаш бидат со власта, на овој или оној начин. Сосема веројатно дека и овој пат, тоа е случајот, вели политичкиот аналитичар Александар Ристевски во разговор за „Локално“.

Александар Ристевски

Очекува бурна есен во однос на турбуленции и прелевања на пратеници од опозицијата кон парламентарното мнозинство.

-Сосема веројатно. Додека имаа надеж дел ид нив и верба за некаков преврат или брзи избори, седеа мирни. Се повеќе извесно е дека таа нивна коалиција е осудена на долг опозициски леб, па сосема веројатно е дека истата ќе се ситни допрва, истакнува Ристевски.

Тој е дециден дека „рибата смрди од главата“.

-По мене иако ДУИ велеше дека некој друг нема коалициски капацитет, истото денес може да се каже за нив. А повеќе од очигледно е дека и грбот кој го имаа, веќе го нема. Сметам дека допрва ќе биде интересно, оценува Ристевски.

Во ДУИ не гледаат причини за загриженост и страв околу ситнење на пратеничката група на ЕФ. Според Арта Биљали-Зендели, на сите им е јасно како ќе гравитира лидерот на ДПА во блиска иднина. Што се однесува до парламентарната група, Зендели има впечаток дека „коалицијата ќе продолжи да дејствува опозициски и во полн состав“.

Членката на ДУИ истакна дека Тачи ќе продолжи да дејствува како опозиција и ќе има редовни консултации со лидерот на партијата, Али Ахмети.

-Пратеничката група е единствена. Засега не, кажа екс-пратеничката на денешната прес-конференција откако беше запрашана од новинарите дали постои страв дека некои пратеници од ДУИ можат да преминат во владеачкото мнозинство.

Н.П.

Слични содржини