Почна да вози првиот автобус без возач по шведските улици

од desk2
87 прегледи

Првиот шведски автобус без возач се најде на улиците на Стокхолм.

Автобусите, шестмесечен проект на компанијата Нобина, помогната од Ериксон, СЈ, КТХ, Клеверн, Урбан ИКТ Арена и Градот Стокхолм, се најде на улиците во бизнис областа Киста во среда.

Двата автобуси кои сами се движат меѓу трговскиот центар Киста и кулата Викторија на линија долга 1,5 километри имаат снимена патека и достигнуваат брзина од 20 км на час, користат GPS и сензори кои обезбедуваат информации за автобусот да не излезе од патеката.

Немаат волан, но можат и мануелно да бидат управувани, а во него има и возач во случај на потреба, затоа што така е пропишано во законот на Шведска.

Има место зљ 12 патници и со нив може да се возите бесплатно.