Почна карневалот во Рио де Женеиро

од Vladimir Zorba
149 прегледи

Синоќа и  официјално почна карневалот во Рио де Женеиро кој, според локалните власти, ќе привлече 1,5 милиони туристи и ќе генерира приходи од повеќе од една милијарда долари.

Традиционално, карневалот почна со тоа што градоначалникот на Рио де Женеиро Марсело Крива на кралот Момо, домаќин на карневалот, му врачи симболичен клуч од градот украсен со светкави камења.

Секоја година специјално жири избира висок и дебел човек кој е во улогата на кралот Момо. Карневалот има и кралица која ќе биде придружена со принцези. Тие исто така се одредуваат со гласање.

Централниот настан на карневалот во Рио де Женеиро е конкурсот-парада на школите по самба на самбадромот „Маркиз де Сапукаи“. Дванаесет училишта по самба секоја година се борат за титулата победник во натпреварот.

 

(ВИДЕО+ФОТО 18+) Почнува шоуто во Рио: За потребите на карневалот поделени 106 милиони бесплатни кондоми