Почна расчистувањето на остатоците од големиот предизвикан пожар во ТЦ „Глобал“

Утринава со специјализирани машини за чистење и подигање на сметот, ЈП „Комуналец“, почна да ги расчистува остатоците од големиот пожар предизвикан во ТЦ „Глобал“ во Струмица.

Како што вели директорот, Зоран Горгиев, ангажирани се 70 вработени кои работат на подигање на остатоците.

„Се надеваме дека до петок ќе завршиме со чистењето и веднаш потоа треба да почнат работите на санирање и изградба на деловите кои беа зафатени од пожарот“, истакна Горгиев.

Обвинител од Основното јавно обвинителство во Струмица, инспектори за пожар од Дирекцијата за заштита и спасување и припадници на крим техника при МВР вчера го завршија увидот за причините за пожарот во Трговскиот центар „Глобал“ во Струмица.

Во пожарот, кој избувна во саботата навечер во 23:12 часот, опожарена е една третина од Градскиот пазар, повеќе продавници на приземјето и првиот кат, дел од вториот, а урнат е и дел од покривот.

Слични содржини