Во Србија утрово во 7 часот почнаа републичките, покраинските и 65 општински и градски избори, меѓу кои и Белград.
Своето право на глас можат да го остварат 6.500.666 запишани избирачи на 8.273 избирачки места.
Избирачките места се затвораат во 20:00 часот, до кога трае изборниот молк.

Вучиќ гласаше во Нов Белград
Претседателот на Србија и носителот на листата „Србија не смее да застане“, Александар Вучиќ гласаше утринава нешто пред девет часот во Нов Белград.
Вучиќ гласал на избирачкото место број 140, во зградата на градинката „Тесла-Наука за живот“.
Тој дошол сам на гласачкото место и чекал на ред со другите граѓани.
Фото: Танјуг