Почнува увидот и истрагата за предизвиканиот пожар во ТЦ „Глобал“

Претпладнево започна увидот за причините за пожарот предизвикан во ТЦ Глобал во Струмица.

При увидот, во Трговскиот центар денес влегоа инспектори од Дирекцијата за заштита и спасување, како и јавен обвинител од ОЈО, со цел да ги истражат причините.

Инаку, во пожарот, што избувна во саботата навечер во 23:12 часот, опожарена е една третина од Градскиот пазар, повеќе продавници на приземјето и првиот кат, како и дел од вториот.

Пожарот во „Глобал“ бил пријавен од стражарската служба. Тој избувнал во делот каде се врши доставување на стока и брзо се проширил.

Премиерот Зоран Заев, кој заедно со градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски, вчера беше на увид по големиот пожар, најави организирање масовна солидарна акција за расчистување и за возобновување на „Глобал“, како и акција за финансиска помош.

Слични содржини