Почнува увидот во Избирачкиот список, ќе трае до 9 септември

од Vladimir Zorba
195 прегледи

Денеска почнува јавниот увид на Избирачкиот список за локалните изборите и ќе трае до 9 септември. Државната изборна комисија (ДИК) од денеска на увид ја става новата состојба на податоци на Избирачкиот список, што ќе се користи на денот на изборите.

Граѓаните своите податоци во Избирачкиот список можат да ги проверат преку веб-страната на ДИК – www.sec.mk или на https://izbirackispisok.gov.mk/, или во нивните канцеларии и подрачни единици.

До 9 септември граѓаните барањето за запишување, бришење или дополнување во Избирачкиот список треба да го достават писмено до подрачните единици или канцеларии на ДИК или електронски да се обратат до Комисијата и притоа да достават соодветни докази.

Рокот за заклучување на Избирачкиот список со сите промени, како од граѓаните така и од политичките партии е 24 септември, додека Избирачкиот список финално треба да биде потпишан до 1 октомври.

Од 16 август, кога започна собирањето потписи за независни листи до вчера се собрани потписи за четири независни кандидатски листи, а рокот истекува на 30 август во 24 часот.

Слични содржини