Почнувања кампања „Гласно против гласини“

од desk4
173 прегледи

Во Скопје денеска ќе биде означен почеток на националната кампања „Гласно против гласини” поддржана од Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

Целта на кампањата е да се подигне свеста за штетното влијание од ширење „гласини“ кои доведуваат до родови стереотипи и предрасуди за жените во нашето општество. Во кампањата учествуваат жени и девојки чии инспиративни приказни ќе бидат дел од активностите што ќе се одвиваат на социјалните медиуми, како и на настани и дебати од  јавен карактер, се со цел да се допре до засегнатите страни и едукативно да се влијае врз директните учесници во ваквата општествена појава.

На настанот е најавено обраќање на амбасадорот Клеменс Која, шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

Слични содржини