Под истрага онлајн платформата „Ananas“ поради купување компанија во Македонија

од Vladimir Zorba
317 прегледи

Комисијата за заштита на конкуренцијата во Србија денеска соопшти дека официјално покренала постапка против компанијата Ananas e-commerce од Белград со цел да се истражи концентрацијата што била извршена иако не била одобрена согласно Законот за заштита на Конкуренција, а која, според основаната претпоставка, формирана со стекнувањето контрола над фирмата Вебспот дооел Скопје.

Компанијата, како што е познато, е во сопственост на поранешната министерка за финансии, Нина Ангеловска, а преку неа функционира и онлајн трговецот на мало „Групер“.

Компанијата „Ananas“, како што е најавено, е дел од дивизијата „Nove Tehnologije“ на Делта Груп, која се занимава со онлајн трговија и е вклучена во консолидацијата во чии рамки се составува консолидираниот финансиски извештај на холдинг компанијата Делта.

Сите компании кои работат под контрола на холдинг компанијата „Делта“, односно што ја сочинуваат групацијата „Делта“, се сметаат, како што се наведува, за еден учесник на пазарот.

Во постапката на испитување, Комисијата ќе ги оценува критериумите пропишани со Законот со кои се утврдува дозволеноста на концентрацијата, а особено околноста дека се работи за спроведена и непријавена концентрација, што било обврска на учесниците на пазарот.

Законот предвидува дека се дозволени концентрации на учесници на пазарот, освен ако тие значително би ја ограничиле, нарушиле или спречиле конкуренцијата на српскиот пазар, а особено ако тоа ограничување, оштетување или спречување би било резултат на создавање или зајакнување на доминантна позиција.

Комисијата ќе утврдува и важни факти, докази и други елементи на кои ќе ја заснова својата одлука во однос на евентуалното определување мерка за заштита на конкуренцијата, односно мерка за деконцентрација.

Со заклучокот дека ја започнале постапката, се повикуваат сите лица кои имаат податоци, документи или други релевантни информации кои можат да придонесат за утврдување на правилната фактичка состојба во оваа постапка, без одлагање да ги достават до Комисијата за заштита на конкуренцијата.

Слични содржини