Актерката Лили-Роуз Деп и иранскиот режисер Асгар Фархад го открија 70-тото издание на филмски фестивал во Кан. Двајцата им посакаа на учесниците и гледачите “12 дена, полни со ентузијазам и дијалог, но и 12 дена за да се откријат филмовите кои ќе нè натераат да се замислиме за човековото постоење денес”.
Иранскиот режисер е добитник на најпрестижната статуетка во светот на филмот – “Оскар”, врачена од Американската филмска академија во 2012г. за филмот “Разделба”, како и “Златна мечка” за најдобар филм, “Сребрена мечка” за најдобар актер и најдобра актерка.
Младата актерка Лили-Роуз Деп е ќерка на холивудската ѕвезда Џони Деп и француската актерка и пејачка Ванеса Паради.
Меѓународниот филмски фестивал во Кан се отвора при невидени мерки за безбедност. Градоначалникот на градот Давид Лиснар ја објасни потребата од такви мерки со тоа дека заканата за безбедноста никогаш не била толку голема. Тој потсети на трагедијата во Кан, кога минатиот јули при терористички напад загинаа 86 лица, а стотици беа повредени.
Од безбедносни причини не е пријавен бројот на војската, полицијата и жандармите кои се мобилизирани да ги обезбедат редот и безбедноста на фестивалот во следните две недели.