Брачна двојка од САД одлучија да ја подарат својата фармерска куќа вредна 40.000 евра, но под еден услов.

Тој што ќе ја земе мора да ја пресели од нивниот имот.
Роџер и Линда Долачек четворособната монтажна куќа се обидуваат да ја продадат со години, но безуспешно. Семејството изградило нова куќа пред седум години и сакаат да се ослободат од старата, а ако наскоро не се појави некој купувач, најавија дека ќе ја урнат.
„Сакаме да ја дадеме на семејство што во неа ќе ужива како што уживавме ние“, вели Роџер.
Според него, куќата има и историска вредност бидејќи е изградена пред сто години и првобитно сакале да ја подарат на Историскиот центар, но поради преголемата цена за селидба се откажале.
„Многу сакам некој да се всели во неа“, вели Роџер, кого за старата куќа го врзуваат многу спомени.
https://www.facebook.com/permalink.php?story_fbid=548965912121364&id=100010238800003