„Поддржуваш тероризам“: Селена Гомез критикувана поради испраќање помош за Палестина

од Stefanija Kuzmanovska

Пејачката Селена Гомез изјави дека поради војната меѓу Израел и Палестина ќе испрати помош за Палестинците и поради тоа се најде на удар на негативни коментари.

Имено, таа на профилот на нејзината козметичка компанија Rare Beauty сподели објава за хуманитарната криза во Газа и најави дека нејзиниот бренд ќе донира пари за да им помогне на оние на кои им е потребно.

„Ние сме преплавени од фотографиите и вестите кои доаѓаат од Блискиот Исток. Илјадници невини палестински цивили се убиени во израелските воздушни напади, а милиони цивили се раселени и оставени без пристап до храна, вода, лекови или основни потреби за опстанок. Голем број од овие жртви се деца. Палестинските цивили мора да бидат заштитени, точка“, стои на профилот на брендот, пренесува Billboard.

 

„Rare Beauty ќе донира на Меѓународните друштва на Црвениот крст/Црвената полумесечина – Маген Дејвид Адом и Палестинската Црвена полумесечина – кои обезбедуваат итна помош на теренот. Исто така, ќе донираме на УНИЦЕФ за да им помогнеме на децата во Газа да добијат итна медицинска помош и ресурси“, се додава.

Сепак, пејачката за ова беше осудена од поединци и обвинета за „поддршка на тероризам“.

„Тоа не е хуманитарна криза, тоа е геноцид“, „Престанете да го поддржувате тероризмот“, „Ја одбра погрешната страна“, „Хамас е ИСИС“, се само дел од коментарите.

Слични содржини