Потребно

4-5 средно големи јаболки
500 гр. шеќер
100 мл. шеќер
150 гр. ореви
цимет

390635_2786496096831_1091137067_3005407_447448501_n-9097

Подготовка

Излупете ги јаболките и извадете им ги семките, така што ќе направите дупка во средината на јаболката. Ставете ги јаболките во тенџере и полијте ги со вода. Тенџерето ставете го на оган да зоврие , ставете 100 гр. шеќер и оставете ја водата да зоврие. Одкога ќе зоврие, оставете ги да се варат околу 10 минути или доколку јаболките не омекнат.

Во меѓувреме, во друго тенџере ставете го остатокот од шеќерот и водата и оставете да зоврие смесата. Се вари се додека не се згусне смесата. густината треба да биде како на зејтин. Кога ќе е готова, тргнете ја од оган и во неа ставете ги претходно измелените ореви. Добро измешајте.

Кога јаболките се сварат, извадете ги од водата и со смесата од шербет и ореви, наполнете ја средината на јаболките. Издекорирајте со мелени ореви и цимет по желба.

Слични содржини