Подмладување на сувата кожа

од Vladimir Zorba
74 прегледи

Најголемата загриженост на дамите со сува кожа е фактот дека тоа е еден од факторите за предвремено стареење.0d08dce34a24a4c74a47c55c0cbf30c9

Малите и фини брчки доаѓаат како прилог на најтешкоto, да не кажеме речиси невозможно хидрирање и постојаното чувство како нешто да нè влече за кожата.

Изборот на правата козметика е вистински предизвик, а дополнителната нега како маски и терапии треба да бидат внимателно истражени.

За да ви заштедиме малку време ви претставуваме лесен рецепт што се прави само и исклучиво со природни состојки и дава неверојатни резултати.

Основната состојка е авокадото. Тоа е богато со витамините А, B6, K, E, амино киселини, омега 3 и минерали.

Освен што е вкусно, тоа е и чудото на природата што моментално хидрира и ја подмладува како кожата, така и косата.

Токму затоа авокадото присуствува доста често во различни рецепти и терапии. Маската која ќе ја замислите  е погодна и за многу сува, така и за нормална кожа.

Ќе ви бидат потребни:
Половина зрело авокадо
1 лажица екстракт од пченични никулци
Половина лажичка сок од лимон

Начин на приготвување:
Претворете го авокадото во паста и додадете путер од пченични никулци. Измешајте добро и прелијте со сок од лимон.
Нанесете ја  готовата смеса на лицето и оставете да делува барем за 10-15 минути. Потоа исплакнете со млака вода и задолжително намачкајте со хидратантен крем за лице.
Повторувајте ја постапката барем еднаш неделно.