Пофалби од Гутереш за ратификацијата на Преспанскиот договор

од Vladimir Zorba
87 прегледи

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш ја пофали денеска Грција за ратификацијата на Договорот за ставање крај на 27-годишниот спор со Македонија, оценувајќи притоа дека тој чекор ќе помогне во промоцијата на напорите за постигнување на помирување и надвор од Европа.

Портпаролот на заменикот на Генералниот секретар на ОН Фарах Хак, истакнал дека Гутереш се радува  на завршувањето на процесот предвиден со Договорот, кој, како што вели, е испреговаран под покровителство на ОН.

Тој наведува и дека Генералниот секретар ги пофалил и раководствата на двете земји поради овој  договор, кој, како што потенцирал, ќе го зајакне мирот и стабилноста во регионот и ќе ги поттикне напорите за помирување во Европа и во светот.

Грчкиот Парламент вчера го ратификуваше Договорот од Преспа со 153 гласови за, еден воздржан и 146 против.