Погледнете го календарот на „Пелистерка“ за 2018 година

од desk2

Во хотелот „Мериот“ брендот „Пелистерка“ денеска одржа конференција за медиуми, пред кои го претстави календарот за 2018 година.


Деветтиот по ред календар е под мотото „Вода за најдобри“, а во тој контекст беа претставени 12 млади спортиски, секоја најдобра во својата дисциплина.

На календарот се:
Јануари: Берна Шерифовска (џудо)

Февруари: Наташа Андонова (фудбал)

Март: Едина Муса (кошарка)

Април: Леана Таќи (триатлон)

Мај: Миљана Ристиќ (маратон)

Јуни: Марија Божиновска (фитнес)

Јули: Елена Чуркоска (кајак)

Август: Дрита Ислами (атлетика)

Септември: Ивана Јанкова (одбојка)

Октомври: Стефани Тодорова (кикбокс)

Ноември: Катерина Николовска (велосипедизам)

Декември: Нина Ѓорѓевиќ (карате)

За фотографиите и овој пат довербата им беше дадена на Ани и Дими.
За потсетување, лани календарот го красеше Северина, а година претходно ракометарките на „Вардар“.
Како ви се допаѓа овој за 2018 година?

Слични содржини