Ова ќе биде еден од најскапите филмови на Мартин Скорсезе досега. Трејлерот на долгоочекуваната крими-драма „The Irishman“ конечно излезе и може да го погледнете на Јутјуб.
Славниот режисер во ова свое остварување ги собра уште пославните актери, Роберт Де Ниро, Ал Пачино, Харви Кајтел, Џо Пеши и Боби Канавале.
Според книгата „I Heard You Paint Houses“ на Чарл Брант, „The Irishman“ раскажува приказна за исчезнувањето на синдикалниот лидер Џими Хофе, кој го глуми Ал Пачино, во 1975-та година.
Ова ќе биде досега најскапиот филм на режисерот Скорсезе со оглед на тоа што времето е сместено во два пеиоди во кои ќе мора дигиталната обработка на ликовите да ја толкуваат Роберт Де Ниро, Ал Пачино и Џо Пеши.
Токму поради тоа, многу од филмските студија одбиле да го продуцираат овој филм. Меѓутоа Netflix на крајот го поддржал Скорсезе со 125 милиони долари.
Филмот во кината ќе се појави од 1-ви октомври, а премиерата на Netflix ќе биде на 27-ми ноември.