Во Токио, Јапонија, каде цените на недвижностите се вртоглаво високи, Австрлијанката Ема пронашла решение за свој покрив на главата.

Таа поради работа се доселила во Јапонија и нашла стан од само осум квадрати, во кој живее за нешто повеќе од 600 долари.
Минијатурниот стан има спална соба, мини-кујна, бања и работен простор, а скромната станарка вели дека најдува место и за вежбање јога.