Покетино: Срамота? Не, тоа не е вистинскиот збор

од Симе Стоиков

Фудбалерите на Челзи доживеаја вистинска шлаканица од големиот градски ривал Арсенал.

„Сините“ примија дури пет гола и го доживеаја најболниот пораз откако на клупата е Маурисио Покетино. Сепак, тој не се согласува дека е срамота да се изгуби на овој начин.

„Срам? Не, тој збор не е фер да ги опишеме нашите играчи. Не сакам да го обвинувам мојот тим. Не можеме да ги обвинуваме младите играчи кои дојдоа овде по многу тешки околности и да се борат против тим кој ја брка титулата во Премиер лигата“, изјави Покетино.

Тој го „боцна“ и раководството дека мора да направи одредени промени.

“Ако сакаме да бидеме во подобра позиција следната сезона, тогаш треба да донесеме важни одлуки. Европа? Тешко е да се гледа иднината, разочарани сме по таков пораз. Ако се натпреваруваме како во саботата против Манчестер Сити, тогаш имаме со што да се надеваме, се надеваме дека ако играме како против Арсенал, не заслужуваме да се пласираме во Европа“, заклучи Покетино.

Слични содржини