Покрај двете теории за потеклото на ковид 19, во САД се појави и трета

од Stefanija Kuzmanovska
265 прегледи

Американската разузнавачка заедница вчера призна дека нејзините агенции имаат две теории за потеклото на ковид 19. Но, постои и трета.

Како што е наведено, двете агенции веруваат дека коронавирусот се појавил на природен начин, т.е. преку човечки контакт со заразени животни, додека третата ја прифаќа теоријата за лабораториска несреќа како причина за глобалната пандемија.

„Американската разузнавачка заедница не знае точно каде, кога и како првично бил пренесен вирусот ковид-19, но се обедини околу две можни сценарија“, наведува канцеларијата на директорот на Националната разузнавачка служба.

Како што се додава, повеќето агенции веруваат дека нема доволно информации за да може да се направи проценка дека едно сценарио е поверојатно од друго.

Во соопштението не беше прецизирано кои две, од 17 агенции што ја сочинуваат американската разузнавачка заедница, веруваат дека вирусот потекнува од заразени животни, а која верува во теоријата за несреќа во лабораторијата, пренесува „Ројтерс“.

Слични содржини