Посебното одделение за воени злосторства при Јавното обвинителство на Босна и Херцеговина, покрена обвиниенија против 14 лица за злосторства против човештвото над српски цивили во Коњиц. 
Осомничените се товарат за убиство на десетици цивили од српска националност, за измачување, злоставување, ограбување и прогон на сите цивилни жители од српската националност во Коњиц.
Според Обвинителството, за време на Војната во Босна и Херцеговина во 90-те години на минатиот век, осомничените во својство на команданти на Армијата на Република Босна и Херцеговина, на Територијанате одбрана, Хрватскиот совет за одбрана, Министерството за внатрешни работи или паравоени формации, учествувале во напади врз жители од српската националност во Коњиц и неговата околина, при што постапувале спротивно од одредбите на меѓународното хуманитарно право и Женевските конвенции за заштита на цивилите за време на војна.
Обвининијата се покренати врз основа на сведоштва од 167 лица, тројца вештаци и речиси 780 материјални докази.