Полека се намалува бројот на новозаболени, наскоро ќе добиеме вакцини против ковид

од Берта Китинска
163 прегледи

Во вчерашната статистика беа забележани 627 нови, а починаа 14 лица позитивни на коивд.

Намален бројот на тестирања

Директорката на Инфективната клиника, д-р Милен Стевановиќ, во гостување во Топ Тема рече дека намалениот број на тестирања е во линија со последните податоци за процентот на заболени од тестирани.

Бројот на тестирања во изминатава недела бележи мал тренд на намалување, нешто помалку од 2 посто. што секако не е доволно да извлечеме заклучок дека поради намалената потреба за тестирање се случува и намалениот број на тестови. иако бројките за мој термин, на места за тестирање, воопшто не се намалени. Напротив! Она што укажува на лесно намалување на бројките е фактот што скоро 17 проценти, 16,9 е намален бројот на новооктриени пациенти со ковид-19, а и денешните бројки зборуваат за намалување на процентот позитивни од тестирани, рече д-р Стевановиќ.

Сепак, таа вели дека од клинички апсект, тоа не значи дека бројот на прегледи на клиниката се намалил, затоа што капацитетите се уште се речиси во целост исполнети.

Но она што ни дава надеж и се поклопува со бројките на институтот за јавно здравје е дневната фреквенција на амбулантски прегледи, која е за 20-30 посто намалена од претходната недела. Иако ние сме имале просек од 100 до 120 прегеди за 24 часа на клиниката. Сега таа бројка е сериозно намалена, рече д-р Стевановиќ.

Набавка на вакцини против ковид-19

Не чекаме само донации, се користат сите инструменти и навреме се почнати сите процедури за набавка на вакцина против ковид-19, порача денеска владиниот портпарол, Душко Арсовски.

„Веќе се обезбедени 833.000 вакцини за популација од околу 400.000 граѓани за вакцина и ревакцинација во рамки на КОВАКС механизмот. Согласно планот за дистрибуција, вакцините се очекуваат во првите месеци од 2021. Покрај овој механизам, започнавме преговори и за директна набавка од компаниите, кои ги произведуваат вакцините. Предвиден е и трет механизам преку Европската Унија која е во постапка за набавка на 200 милиони вакцини за земјите членки и за уште дополнителни 100 милиони дози за земјите од Европа надвор од унијата. Ние аплициравме за дополнителни 800.000 дози од овие 100 милиони. Дел од првата пратка на вакцини што ќе стигнат во Грција ќе бидат наменети за нашите граѓани. Ова e потврдено уште еднаш во телефонски разговор со грчкиот премиер Мицотакис“, изјави на денешната пресконференција владиниот портпарол Душко Арсовски.

Владиниот портпарол рече дека први ќе бидат вакцинирани лекарите, па хронично болните, возрасните лица и вработените во градинките, а ќе се вакцинират и политичарите.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 79815, бројката на оздравени пациенти е 56743, на починати е 2354, а бројот на активни случаи изнесува 20718.