Полемика околу постерот на Канскиот фестивал

од Vladimir Zorba
59 прегледи

Две недели пред отворањето на 70-тото издание на филмскиот фестивал во Кан беше претставен официјалниот постер кој веднаш предизвика полемика на интернет, во медиумите и меѓу феминистички организации. Постерот претставува слика на Клаудија Кардинале од 1959г., на која таа е фатена како се врти на покрив во Рим.

Полемиката се јавува во врска со очигледното користење на графичка програма со цел убавата актерка да изгледа слаба и во тон со современите претстави за женска убавина, лансирани од модните писти.

Тоа предизвика итна јавна реакција. “Според феминистичката асоцијација” желбата да ѝ се одземат килограми “е срамота.